Седумнаесет години од масакрот кај Вејце

Со полагање на букети свежи цвеќиња пред споменикот “Ангел” кај Градскиот часовник и во битолската касарна денеска беа одбележани 17 години од смртта на бранителите од Битола, кај Вејце. На комеморацијата букети свежи цвеќиња положија членовите на семејствата на загинатите бранители, градоначалниците на Битола, Наташа Петровска, на Новаци, Љубе Кузмановски и Могила, Јамина Гулевска, делегации на бранителите, политичките партии, советот...

Повеќето корисници ќе добијат пониски сметки за парно поради топлата зима

БЕГ - Снабдување со топлина на повеќе од половина од потрошувачите или 62 проценти, ќе им испрати пониски или еднакви порамнителни сметки со авансните, соопштуваат од компанијата. Висината на порамнителните сметки, појаснуваат оттаму, е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и секако од измереното количество на испорачана топлинска енергија до самиот објект. - Иако...

Полициска пресметка во Тетово- Убиено лице барано со потерница

Во тетовското село Ларце, рано утринава припадници на Министерството за внатрешни работи по претходно изготвен план, презеле мерки и активности за лишување од слобода на Ј.Р. (38) од истото село, кој бил баран по меѓународна и централни потерници за издржување вкупна казна затвор во траење од 26 години и 10 месеци. Денеска, во  раните утрински часови, во куќата на Ј.Р....

Нови инвестиции во ТИРЗ Скопје 1

Две нови инвестиции во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 1 во вкупен износ од 11 милиони евра, во кои ќе се отворат по осумдесетина работни места, најави вчера вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. - Комисијата за економски систем донесе препорака до Владата да ги усвои договорите за државна помош за инвестицијата на „Зенит интернешенал продукт“ од ОАЕ од три...

Со плутена брана Козјак ќе се брани од пластичната амбалажа од Треска

Во коритото на реката кај селото Латово, поставена е плутена брана на која се очекува, при повисок водостој, пластичната амбалажа од Кичевско и од Пласничко тука да го завршува својот пат. Плутената брана е монтирана на сајла, поставена е косо за да може амбалажата да се собира на браната, на едниот крај од коритото на реката Во обид да се...

Кој ќе доминира со кујните приклучени на Интернет?

За многумина кујната претставува срце на домот. Сега брендовите како „Самсунг“ и „Бош“ се натпреваруваат со технолошките компании „Гугл“ или „Амазон“ за тоа кој ќе доминира со кујните, чии апарати се приклучени на Интернет, како и со разните кујнски машинчиња. Но, и покрај тоа, т.н. паметни кујни тешко се продаваат. Многумина кујната и времето за домашни оброци и понатаму ги...

Гостиварец завршил во болница по напад на глутница бездомни кучиња

Гостиварец завршил во болница откако синоќа бил искасан од бездомни кучиња на неколку места по телото. Според СВР Тетово, каде што бил пријавен случајот, Д.М. (27) додека се движел околу 23 часот низ паркот спроти Средното општинско економско училиште, бил нападнат од петнаесетина кучиња бездомници. Три од чопорот се нафрлиле на него и го собориле на земја и при тоа...

СДСМ: Тоа е класичен партиски блеф

Како и на секој митинг на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 12 години, повторно се слушнаа истите пораки за поделби на ваши и наши, за враќање назад, а граѓаните не видоа никаква разлика, се вели во писмената реакција на СДСМ по прексиноќешниот митинг на опозицијата. - Нема никаква разлика. Христијан Мицкоски продолжува прецизно по патот на Никола Груевски и, за жал, повторно...

Жител на Баница истепал продавачка и демолирал продавница

Жител на струмичкото село Баница вчера нападнал продавачка зашто не му дала пиво на одложено плаќање. Револтиран физички го нападнал и нејзиниот сопруга, а потоа со уште неколку лица ја демолирале продавницата. МВР соопшти дека Л.В. (33) од с.Баница синоќа пријавила дека околу 16.00 часот, додека работела во продавница, дошол К.Р. (20) и физички ја нападнал. Тој побарал пиво на одложено...

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори заедно со претседателските

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од завчерашниот митинг пред Владата на Република Македонија побара одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Тој побара и еднаков терен за сите политички партии, претседател на ДИК по предлог од опозицијата, формирање техничка влада на сто дена пред предвремените парламентарни избори, исто како што беше во 2016-та кога, како што кажа, СДСМ...