Херојот од нападот на Лондон бриџ се чувствува „напуштен“

Пекарот Флорин Морариу, кој минатата година се судри со тројца терористи за време на нападот на Лондон бриџ, сега вели дека чувствува оти властите во Велика Британија го напуштиле. Морариу, Романец по потекло, за време на нападот што се случи на 3 јуни минатата година, им помогна на луѓето да се сокријат во неговата пекара, а потоа им се спротивставил...

Нов скандал го тресе Фејсбук – давани податоци на производителите на телефони

Американскиот весник Њујорк тајмс тврди дека Фејсбук постигнал договор за поделба на податоци со најмалку 60 компании кои се занимаваат со производство на телефони и други уреди, меѓу кои и Епл и Амазон. Новиот скандал предизвикува дополнителна загриженост за тоа од што се одрекуваат корисниците кога ја користат таа социјална мрежа. Весникот тврди дека ФБ дозволил компании да пристапат до податоци...

Мајкрософт планира да ја купи платформата ГитХаб

Софтверскиот гигант Мајкрософт ќе ја купи платформата ГитХаб на која програмерите се собираат за да постават програмски кодови и да ги прегледаат. ГитХаб е основана во Сан Франциско во 2008 година, а од 2012 година, по првата странска инвестиција, почна драстично да расте. Сега има околу 27 милиони програмери од целиот свет кои ја користат таа платформа за размена на...

Путин: Заинтересирани сме за обединета Европа

Русија е заинтересирана за обединета Европа и не се обидува да ја подели, изјави рускиот претседател Владимир Путин. - Не ни е цел да предизвикаме поделби во ЕУ. Напротив, ние сме заинтересирани за обединета и напредна ЕУ, бидејќи ЕУ е нашиот најважен економски и трговски партнер – рече Путин во интервју за австриската станица ОРФ, во пресрет на утрешната посета...

Чавушоглу: Не прифаќаме закани околу купувањето на С-400

Турција нема да ги прифати заканите во врска со нејзината набавка на одбранбени системи, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, на прес конференција во Вашингтон. Со изјавата тој алудираше на планот на Анкара да купи одбранбен систем С-400 од Русија. Чавушоглу, кој денеска се сретна со американскиот колега Мајк Помпео, рече дека нема да има одложување или откажување на...

Најнов биланс: Најмалку 62 загинати во ерупцијата на вулканот во Гватемала

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди денеска крајбрежјето на Гватемала, еден ден по силната вулканска ерупција. Епицентарот бил во Пацификот, на длабочина од 10 километри, објави Американскиот геолошки центар. Засега нема податоци за можни жртви или штети. Земјотресот се случува по неделната ерупција на вулканот Фуего, при што според најновите информации, најмалку 62 лица загинаа, а повредени се 300 луѓе. Втората...

„Екип“: Гризман не објавил дека останува во Атлетико Мадрид

Антоан Гризман не објавил дека ќе ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид, пишува „Екип“. Француското издание ги негираше информациите објавени претходно истиот ден во „АС“. Французите ги базираат своите информации од сестрата на Гризман, која исто така е негов агент. Според неа, не е сигурно дека Гризман ќе ја објави одлуката за својата иднина пред почетокот на Светското првенство. ...

Саудиска Арабија ги издаде првите возачки дозволи за жени

Саудиска Арабија денеска ги издаде првите возачки дозволи за 10 жени, во време кога во земјата течат подготовките за укинување на забраната за управување на возило од страна на жени, што треба да се случи на 24 јуни. Агенцијата АП сепак оценува дека тоа е изненадувачки потег, бидејќи уследи во време кога четири саудиски активистки за женски права кои водеа...

Оружен инцидент на фудбалски натпревар во Далас, петмина повредени

Пет луѓе се ранети во оружен инцидент на натпревар во американски фудбал во Далас, соопшти полицијата. Две жени се во критична состојба, додека двајца мажи и уште една жена се со помали повреди. Напаѓачот влегол на теренот со мопед и почнал да пука кон публиката додека траел натпреварот. Полицијата соопшти дека неколку луѓе од публиката возвратиле со огнено оружје. Сè уште не...

Британската полиција случајот Скрипал ја чинел 7,5 милиони фунти

Полицајци од 40 полициски управи во Англија и Велс се враќаат на своите работни задачи, три месеца откако беа испомош на локални власти за одговор на нападот со нервен агенс врз поранешниот руски контрашпион Сергеј Скрипал, и тоа полицијата ја чинело 7,5 милиони фунти. Тоа денеска го соопшти полициската управа во Вилтшир надлежна за градот Солзбери, каде на 4 март...