Ученикот Александар Иванов освои брозен медал по физика во Русија

Македонски ученик освои бронзен медал на Втората европска олимпијада по физика што од 28 мај до 1 јуни се одржа на Московскиот институт за физика и технологија во Долгопрудниј. Бронзениот медал го освои Александар Иванов, а покрај него учествуваа и учениците Мартин Ристовски и Иван Јовановски од средното училиште „Јахја Кемал“ заедно со професорите Ирина Петреска и Виктор Урумов од...

Путин: Потребна е објективна истрага за да се утврди кој употребувал хемиско оружје во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека е потребно спроведување објективна истрага за да се утврди дали и кој употребувал хемиско оружје за време на конфликтот во Сирија. - Велите деке сте докажале оти претседателот на Сирија, Башар Асад користел хемиско оружје. Но, сите не го велат тоа. Нашите експерти кажуваат нешто сосема спротивно од тоа - изјави Путин во интервју...

Уму Сангаре за крај на 17. ОФФест

Уму Сангаре, најголемата африканска пејачка која доаѓа од Мали, вечер од 20.30 часот ќе настапи во Македонската опера и балет и ќе го затвори 17. ОФФест. Суперѕвездата од Мали, како што наведува организаторот на фестивалот, е добитник на наградата „Греми“, амбасадор е на добра волја на Обединетите нации, добитник на International Music Award на УНЕСКО и Womex 2017 Artist...

Патот Крива Паланка – село Осиче во прекин поради асфалтирање

Патиниот правец Р - 2245 од Крива Паланка до село Осиче денеска ќе биде во прекин поради асфалтирање. Како што соопшти АМСМ, прекинот ќе трае од 10:00 до 15:00 часот.

Германија со рекордно високи температури во април и мај

Германската метеоролошка служба ДВД потврди дека овој април и мај биле најтопли во земјата од 1881 година, при тоа додавајќи дека екстремните температури се потврда на климатските промени. - Последните години доживуваме серија климатски рекорди кои сите заедно можат единствено да се разберат во контекст на климатските промени – рече Пол Бекер, заменик директор на ДВД. Од ДВД уште додаваат дека...

Сончево и топло, попладне со локална нестабилност

Сончево и топло, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат кон крајот на денот, особено во источните делови. Дневните температури ќе се движат во интервал од 22 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8.

Германците чуваат 12,6 милијарди марки

Германците сè уште чуваат милијарди германски марки, речиси 28 години по повлекувањето од оптек на валутата на поранешна Источна Германија и 16 години од воведувањето на еврото. Според податоците на Бундесбанк, на 31 декември 2001 година, на последниот ден пред воведувањето на еврото, имало 162,3 милијарди германски марки. Досега, повеќе од 92 проценти од тие пари биле вратени или заменети за...

Силва: Вратата на Евертон е секогаш отворена за Руни

Новиот менаџер на Евертон, Марко Силва на својата прва прес-конференција изјави дека не е исклучено Вејн Руни да остане во клубот. Триесет и двегодишниот поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед преговара со тимот од МЛС, Ди Си Јунајтед, но има договор со „карамелите“ за уште една година. Силва додаде дека има мала листа на големи имиња, кои ќе се обиде...

Старбакс пристига во Србија

Најголемиот оператор на ресторани во централна Европа, АмРест Холдингс СЕ, најави дека планира да отвори Старбакс локали во Србија. Првиот се очекува во Белград во текот на оваа година. - Првиот Старбакс локал ќе биде отворен оваа година во Белград, градот со долгогодишна традиција на уживање во кафе. АмРест е водечки оператор на Старбакс кафулињата во регионот на централна Европа,...

Трамп и Ким ќе се сретнат на 12 јуни во Сингапур

Првата средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе се одржи на 12 јуни во девет часот во Сингапур, соопштено е од Белата куќа. - Нашиот тим во Сингапур завршува со подготовката и ќе остане таму сè додека средбата почне - изјави Сара Сандерс портпарол на Белата куќа. Таа додаде дека Трамп ќе има секојдневни...