Апелациониот совет на Судот на БиХ донесе одлука со која се укинува ослободителната пресуда на воениот командант на Армијата на БиХ во Сребреница Насер Ориќ, јави агенцијата Срна.

Истиот извор наведува дека била уважена жалбата на обвинителот Мирослав Јањиќ во предметот „Насер Ориќ“ во врска со неусогласеноста меѓу јавно објавената и напишаната пресуда.

Ориќ беше обвинет за воени злосторства врз Србите во БиХ.