Три точки за бенефиции за државата и нацијата на надворешен план: проактивна политика, проактивна политика, проактивна политика!

Што може македонското државно раководство, поранешно, сегашно и идно

да научи од проактивно-агресивната ултрапатриотска дипломатија на Вучиќ?

Македонија е членка на НАТО, има потпишано стратегиско пријателство со неколку моќни држави, вклучувајќи и со Соединетите Американски Држави и со Турција. Но кај македонската јавност се остава впечаток дека членувањето во НАТО, како и стратегиските партнерства не се исползуваат за ништо, а најмалку за економски бенефиции на Македонија. Ако внимателно се анализира, очигледно е дека ни недостига најпрвин идеја! Потоа недостигаат креативност и иницијатива, и најпосле недостига план за капитални проекти во интерес на граѓаните и државата. Ни недостига визија, па и државана стратегија и проактивна политика што ќе овозможи унапредување на инфраструктурата, зголемување на странските инвестиции, евтини кредити, грантови и сѐ така додека не се постигне развојна одржливост. А и понатаму!
Членувањето во воен сојуз, како што е НАТО, по автоматизам не води кон финансиски полза на државата и подобрување на економските перформанси. Напротив, ползата за државата и нацијата од одредени сојузења, на крајот од денот, се сведува од самите државни капацитети и политики. Дека не треба да измислуваме топла вода ни покажува посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Обединетите Арапски Емирати, посета што резултира со потпишување договор вреден една милијарда долари.
Вучиќ за договорот изјави дека Србија добива една милијарда долари „под неверојатни услови“ и оцени дека тоа е „практично подарок“. Во понатамошното излагање, српскиот претседател објасни дека во јануари доспеваат обврските од старите кредити што Србија треба да ги врати, а за да не се трошат парите што ги има сега, а мора да купува скапа енергија на пазарот, со овие пари се обезбедува целосна ликвидност со солвентноста што ја има државата. Потегот на српската влада и на претседателот Вучиќ е во клучен момент, ако се земе предвид дека Европската Унија и САД ги качуваат каматните стапки поради што потешко се доаѓа до евтини кредити.
Повеќемина експерти посочија дека Европа ќе се соочи со најтешката зима од Втората светска војна, предизвикана од високите цени на енергентите и високата инфлација. Затоа европските држави ќе бидат економски обременети и ќе бидат потребни вонредни државнички напори. Што може македонското државно раководство, поранешно, сегашно и идно, да научи од проактивно- агресивната ултрапатриотска дипломатија на Вучиќ? Србија не е членка на НАТО, но води проактивна дипломатска политика со која создава сојузници и партнери низ целиот свет. Не случајно, Белград има добри односи со многу напредни и моќни држави, како што е Народна Република Кина или арапските држави. Благодатите на оваа српска дипломатија се очигледни, во време кога тешко се доаѓа до евтини кредити, Србија обезбеди една милијарда евра со каматна стапка од три отсто.

Македонија е членка на НАТО, има потпишано стратегиско пријателство со неколку моќни држави, вклучувајќи со Соединетите Американски Држави и со Турција. Но кај македонската јавност се остава впечаток дека членувањето во НАТО, како и стратегиските партнерства не се исползуваат за ништо, а најмалку за економски бенефиции на Македонија. Ако внимателно се анализира, очигледно е дека ни недостига најпрвин идеја! Потоа недостигаат креативност и иницијатива, и најпосле недостига план за капитални проекти во интерес на граѓаните и државата. Ни недостига визија, па и државана стратегија и проактивна политика, која ќе овозможи унапредување на инфраструктурата, зголемување на странските инвестиции, евтини кредити, грантови и сѐ така додека не се постигне развојна одржливост. А и понатаму! Сакаме рапиден раст, двоцифрени економски стапки и БДП шест пати поголем од сегашниот… токму колку просекот на ЕУ. А и со тоа не треба да бидеме задоволни. Потенцијали имаме, а не сме имале капацитет за да ги искористиме?! Значи, сепак, се работи за човечки ресурси?!
Како држава не треба да се потпираме само на западните пријатели и сојузници. Дека постојат и други држави што се подготвени за соработка покажува и примерот со Обединетите Арапски Емирати. Меѓутоа оваа соработка ќе зависи исклучиво од нашите дипломатски напори и умешности.

За да се издејствува поволен кредит од милијарда долари од три отсто во ова време-невреме, не е лесно. Потребна е координација на сите чинители во општеството, вклучувајќи ги и дипломатските претставништва низ светот, кои ќе го напипаат пулсот на сојузниците, но и на можните идни пријатели.
Доколку го анализираме потегот на Белград и потпишувањето на договорот со Обединетите Арапски Емирати, но и другите српски политики, кои овозможија голем број странски инвестиции, вклучувајќи и на кинески компании, на српскиот пазар, тогаш е очигледно дека српската влада и Александар Вучиќ вложуваат максимални напори за подобрување на економските перформанси на Србија.
Македонското општество може да научи многу нешта од државничкото однесување на Александар Вучиќ и од српската влада. И не само од нив. Тој е земен како последен вчерашен пример. Земете ги и Хрватите во пакет со Кинезите за мостот на Пељешац. Има и мноштво други примери…
Но суштинско е дека само со напорен труд и работа може да се обезбедат поволности за државата и за нацијата. Благодатите што можат да пристигнат од сојузниците и пријателите може да бидат постигнати само со натчовечки напори, стратегија и координација на сите чинители во општеството. Во спротивно, Македонија ќе ги почувствува тешките последици од зимата што нѐ очекува.