По налог на Град Скопје, екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“ -Скопје изминативе денови ја асфалтираа улицата 81 крак 2 во населеното место Волково, во вкупна површина од 500 квадратни метри. Улицата е со должина од 150 метри и широчина од 3,30 метри.
Екипите вчера продолжија со активностите за изградба на последниот крак 3 од улицата 81 во Волково, подготовка на теренот за асфалтирање, а потоа и изградба на наредните улици што се предвидени со утврдената динамика.