Нула трошоци за учество на екскурзии за ученици од социјално загрозени семејства е новиот проект што почна да се реализира во општината Гази Баба.
Како што информира градоначалникот на општината, Бобан Стефковски, на својот фејсбук-профил, овој проект се реализира за првпат во Општина Гази Баба.
– Нула трошоци за учество на екскурзии за ученици од социјално загрозени семејства. Со почетокот на новата учебна година, започнува со реализација и проектот. Сите општински основни училишта добија задолжение за реализација на овој проект во согласност со правилник за начинот на изведување на екскурзиите, излетите и другите вонучилишни активности на учениците од основните училишта – напиша тој.