Фото: Маја Јаневска-Илиева

Град Скопје ги известува граѓаните дека викендов, на подрачјето на градот, ќе се врши дезинсекција против ларви од комарци. Во соопштението се додава дека авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира денеска, сабота, во раните утрински часови, додека терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира исто така денеска, меѓутоа во текот на денот.
– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите – апелираат градските власти.