Дел од стратешки важниот Кримски мост, изграден од Русија за поврзување со анектираниот полуостров, е уништен во напад за кој украински Телеграм-канали тврдат дека бил извршен од воздух, објави германската новинска агенција ДПА.
Фотографии споделени на украинските канали прикажуваат оштетувања на носечката конструкција на мостот, како и на дел од коловозната површина. Засега нема официјална потврда од руските или украинските власти за обемот на штетата и околностите на нападот.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денеска сподели една од фотографиите на платформата „Икс“.
Властите назначени од Русија на Крим потврдиле дека мостот повторно бил нападнат, пренесува ДПА, повикувајќи се на руски медиуми. Патниот сообраќај преку мостот е прекинат.
Украина и претходно извршила напади врз Кримскиот мост, а снимките објавени по последните настани покажуваат оштетувања на објектот.
Во меѓувреме, руските истражители соопштиле дека отвориле истрага за тероризам во врска со двата украински напади врз мостот. Според нивните наводи, во нападите што се случиле во текот на ноќта меѓу четврток и петок загинале две лица, а сообраќајот бил запрен.
Кримскиот мост беше отворен во 2018 година и претставува важна транспортна врска меѓу Русија и Крим.


































