Фото: Пиксабеј/илустрација

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело „Телесна повреда“, согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 10 ноември во домот на осомничениот. По претходна расправија, тој наводно започнал да ја дави својата девојка, а потоа ја удирал со тупаници и шлаканици по главата и телото.

Надлежниот јавен обвинител доставил предлог до Судот за определување мерка притвор. Како една од причините е посочен фактот дека осомничениот, откако дознал дека е пријавен, избегал од полициска станица.

Според Обвинителството, ваквото однесување укажува на ризик дека осомничениот ќе се обиде да го избегне кривичниот прогон, што може да го попречи непреченото водење на постапката.