Фото: Министерство за здравство

„Неписмената будала треба веднаш да биде кривично гонета за злоупотреба на службената должност, а составен дел на казната да биде читање на Уставот, законот за државјанство, Законот за здравствено осигурување, Законот за здравствена заштита, Законот за Влада, Законот за органите на управата и секако Кривичниот законик“, напиша професорката Мирјана Најчевска, за министерот Фатмир Меџити, кој вчера изјави дека за граѓаните на Косово и Албанија ќе важат исти цени за лекување во нашето државно здравство, како и македонските граѓани.

Меџити одлучил граѓани од Косово да се лекуваат по исти цени како и македонските, вели „всушност не доаѓаат странци во Македонија“

Неговата изјава предизвика многу реакции во јавноста. Најчевска пишува дека Меџити не е ставен за министер за да се грижи за граѓаните на други држави туку за граѓаните на Македонија.

„Неписмени крелци не смеат да бидат поставени на раководни позиции. А Ковачевски да престане лажно да се претставува како премиер. Наместо да се избориме со дискриминацијата кон етничките Албанци на тој начин што ќе обезбедиме образование на повисоко ниво од она кое го имале во претходниот период ние го направивме тоа на тој начин што го симнавме нивото на образование за сите, ги симнвме сите критериуми за вработување и професионално напредување и создадовме услови најголемиот шлајм од сите етнички заедници во Македонија да дојде на раководни позиции. Некои велат дека сме го достигнале дното. И тоа е точно, меѓутоа ние влегуваме во нова кретивна фаза-копаме дупка во дното кое го допревме“ напиша Најчевска.

Меџити вчера кажа дека косовските граѓани досега плаќале двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното.

„Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион“, изјави министерот Фатмир Меџити.