Министерството за здравство донело одлука за израмнување на цените на здравствените услуги во Македонија, како за државјаните на земјата така и за граѓаните од Косово и Албанија. Целта е граѓаните на овие земји да се третираат еднакво за здравствените услуги и да плаќаат колку македонските државјани, пренесе ТВ21.
-Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион – изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.
Министерот Меџити вели дека тука нема да застане туку ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција.