Фото: Пиксабеј

Пристигна очекуваниот климатски феномен Ел Нињо, соопштија денеска научници од американската Национална управа за океани и атмосфера.

-Во зависност од неговата сила, Ел Нињо може да предизвика низа влијанија, како што се зголемување на ризикот од поројни врнежи и суши на одредени локации низ светот – рече климатскиот научник Мишел Л’Хору.

Тој додаде дека климатскиот феномен може да предизвика нови температурни рекорди.

Ел Нињо е веројатно еден од најпознатите феномени на климатскиот систем на нашата планета. Причината за тоа лежи во фактот што речиси целата планета, а особено тропскиот појас, ја чувствуваат неговата појава, често преку екстремни временски услови во многу региони.