ФУДБАЛ
- Составот на петте барабани се одредува според привремената вкупна ранг-листа во Лигата на нациите за сезоната 2026/2027, пишува УЕФА
Со двете преостанати кола на фудбалската Лига на нациите од вечерва до вторник ќе се заокружи групната фаза, по што следуваат дуелите, прво во четврт-финалето, на патот кон трофејот, потоа плејофот за опстанок и за пласман во повисок ранг, но дуелите од петтото и од шестото коло се важни и за одредувањето на местата на 54-те селекции во барабаните пред ждрепката за квалификациските групи за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2028 година.
Составот на петте барабани се одредува според привремената вкупна ранг-листа во Лигата на нациите за сезоната 2026/2027, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). Во барабаните ќе бидат и репрезентациите на четирите домаќини на континенталното фудбалско првенство, Англија, Република Ирска, Шкотска и Велс. Четирите домаќини и Северна Ирска ќе бидат извлечени во посебни групи.
Победниците на дуелите од четврт-финалето на Лигата на нациите ќе бидат извлечени во различни групи, во кои ќе има по четири селекции. Секоја група со по пет репрезентации може да има најмногу една поразена селекција во четвртфиналињата на Лигата на нациите или една репрезентација што учествува во плејофот за пласман во лигата А или во лигата Б итн.
Првите четири барабани ќе имаат по 12 селекции, а во петтиот ќе бидат шест репрезентации. Според некои пресметки, пред петтото и шестото коло во Лигата на нациите, седум селекции обезбедиле место во првиот барабан, а шесте во петтиот барабан се репрезентациите што сега настапуваат во лигата Д на Лигата на нациите, Андора, Азербејџан, Гибралтар, Лихтенштајн, Литванија и Малта.
Се очекува сезонава на Лигата на нациите да биде поврзана со квалификациите за ЕП 2028, пишува Европската фудбалска унија. Н.М.
ЛИГА НА НАЦИИ, ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
Ерменија – Кипар 18 ч.
Турција – Белгија 18 ч.
Италија – Франција 20.45 ч.
Чешка – Шпанија 20.45 ч.
Албанија – Финска 20.45 ч.
Сан Марино – Белорусија 20.45 ч.
Англија – Хрватска 20.45 ч.
Црна Гора – Летонија 20.45 ч.
































