Фото: Приватна архива

Иако станува збор за една од најконтроверзните и најпотиснуваните теми во современата историја, феноменот на неидентификувани летачки објекти (НЛО) воопшто не се обидува да остане скриен. Мистериозните летачки објекти често се појавуваат сосема ненадејно, дење или ноќе, над ненаселените предели на Земјата, но и над најгусто населените светски метрополи. Најчесто не преземаат никакви очигледни активности, и се чини дека само нè набљудуваат додека ние, и покрај сите обиди, сме речиси немоќни пред нив. Не дека не сме се обиделе: по нив се пукало, биле пресретнувани и бркани од воени авиони, па дури и гаѓани со ракети…

На 21.11.2026 (сабота) со почеток од 18.30 чaсот во порта „Македонија“ во Скопје ќе се одржи предавањето на Крешимир Мишак насловено како „НЛО од пештерските цртежи до вселената“. Дали вонземјаните постојат? Можеби одговорот ќе го добиеме токму од Мишак. Илустрирана со стотици фотографии во боја, новата книга на Крешимир Мишак претставува сеопфатен водич низ сложениот и повеќеслоен феномен на НЛО. Покрај историскиот преглед на сведоштвата за загадочни летала низ неколку милениуми, од праисториските пештерски цртежи до современите средби во орбитата на Земјата, таа ја документира и историјата на контроверзите што го одбележаа 20-от век.

Децении наназад, институции и владини структури ја негирале реалноста на НЛО, повикувајќи се на аргументите за „национална безбедност“ и опасноста од предизвикување „паника“, додека истовремено клучните информации ги задржувале во тајност. Сепак, од крајот на минатиот век до денес, во различни земји се објавени бројни официјални документи, извештаи и други материјали поврзани со овој феномен. Но, можеби уште позагадочни од самите појавувања на НЛО се придружните феномени, како и способноста ненадејно да се појавуваат, да исчезнуваат или да стануваат невидливи. НЛО можеби не се најчудното нешто што го нуди нашиот свет, но поради својата истрајност, сложеност и отпорност на конвенционалните објаснувања, несомнено претставуваат еден од најголемите мистериозни феномени на нашето време.

„Кога човек ќе навлезе во темата за НЛО, пред него се отвора свет со безброј нивоа на реалност, свет кој во одредени моменти изгледа како да е преземен од описите на некој древен шаман…“

Ова е последно предавање на Мишак во Скопје во 2026 година. Следни гостувања се очекуваат во текот на есента наредната година. Сите кои биле на претходните предавања на Мишак можат да испратат порака на [email protected] за да добијат промо код за попуст на билети валиден до недела 15.11.2026. За оние кои не успеале да присуствуваат на претходните предавања, ова е одлична прилика да се запознаат со авторот и водител на култната емисија „На Рубу Знаности“ која се емитува на Хрватската Радио Телевизија веќе 25 години.

Просторот во Порта „Македонија“ е со ограничен капацитет, обезбедете ги Вашите билети навреме. Билетите се достапни во претпродажба на Tix.mk