Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Тензична атмосфера и турканица меѓу граѓани и полициски службеници го одбележаа денешниот протест во Крива Паланка, организиран поради долгогодишниот проблем со кравите кои неконтролирано се движат низ градот и околните населени места.

Незадоволните жители излегоа на протест барајќи итна реакција од надлежните институции и трајно решение за проблемот кој, како што велат, со години им создава сериозни штети и ја загрозува нивната безбедност.

За време на протестот дошло до турканица меѓу неколку демонстранти и полицајците што го обезбедувале собирот.