Nasilstvo, violance
Фото: Пиксабеј

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 52-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Убиство“ од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 27 ноември, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла се обидел да ја лиши од живот сопругата. За време на расправија во семејниот дом во селото Топлица, тој употребил физичка сила и остар предмет, со кој повеќепати ја удирал жената во главата, лицето и телото.

На жената ѝ нанел повеќе тешки телесни повреди, убодни рани и скршеници на неколку ребра, по што таа паднала во бесознание. Настанот во полиција го пријавил таткото на осомничениот, а по пристигнувањето на полициските службеници на местото, жената била пронајдена без свест.

Оценувајќи ги сите околности, тежината на кривичното дело, опасноста од бегство и влијание врз сведоците, како и можноста осомничениот да го доврши делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.