Илустрација/Фото: МИА

Полицијата вчера во Кавадарци го лишила од слобода О.Т.(73) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ со футрола и две рамки со вкупно девет куршуми калибар 7,65 мм, пиштол „Gesichept“ со една рамка, пиштол и 61 куршум со различен калибар.

Како што соопшти МВР, тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.