Вазелинот е еден од производите што често се потценуваат и најчесто се користат во ограничена мера. Сепак, има многу корисни намени во областа на разубавувањето. Една од придобивките на вазелинот е тоа што има оклузивно дејство, односно го спречува губењето на влагата кога се нанесува на кожата.
Трепки: Секоја вечер пред спиење, намачкајте ги трепките со вазелин, за да ги зацврстите, но и да ја отстраните тврдокорната маскара и друга шминка од очите. За тоа е доволно мало количество.
Нокти: Нанесете вазелин на вашите нокти за да ги хидрирате, да им дадете сјај и да ја направите кожата околу нив мека и мазна.
Усни: Немате балсам за усни при рака? Нема проблем, бидејќи вазелинот исто така добро ќе ги хидрира. Особено имајте го ова на ум во постудените месеци.
Меки стапала: За стапала меки како на бебе, нанесете големо количество вазелин, облечете пар топли и меки чорапи и оставете ги прекуноќ.
Брчки: Нанесете мало количество вазелин на пределот околу очите за да ги измазните вдлабнатите линии и да спречите идни брчки.
Сува кожа: Без разлика на сезоната, лактите и колената секогаш се сушат. Дајте им го она што го заслужуваат со вазелин – добра хидратација.
Сепак, не треба да се претерува со нанесувањето вазелин на лицето. Експертите предупредуваат дека вазелинот може да го спречи ослободувањето на природните масла во кожата во текот на ноќта, што доведува до мешање со мртвите клетки на кожата и затнување на порите и предизвикување излив на мозолчиња и митесери.