Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против двајца струмичани на возраст од 21 и 23 години поради сомнение за сторено кривично дело убиство во обид.

Покрај тоа, против петмина струмичани на возраст од 19 до 24 години, поднесени се пријави за помагање во врска со стореното кривично дело убиство во обид.

Како што информираат од МВР, на 1 мај годинава околу 02.30 часот по полноќ во Стар Дојран во близина на хотел, поради преходна расправија и физичка пресметка помеѓу двајца од осомничените од една страна, и трето лице и уште двајца вработени во хотелот од друга страна, 23-годишникот кој се товари за убиство во обид, поттикнат од останатите пријавени, со нож кој му го дал неговиот брат, му нанел убодни рани на лицето кое било на страната на вработените во хотелот.