Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.478 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 110, Кавадарци и Кочани по 9, Гевгелија – 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид по 3, Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран по 2 и по еден заразен во Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар.

Во текот на изминатото деноноќие пријавени се седум починати лица – 4 од Скопје (71, 69, 59 и 55 години) и по едно починато лице од Велес (67), Струмица (65) и од Штип (77). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

За 24 часа, регистрирани сe и 275 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 90, Битола – 26, Прилеп – 24, Кавадарци – 22, Берово – 18, Струмица – 13, Кочани – 11, Тетово – 10, Велес – 7, Валандово – 6, Куманово, Неготино и Радовиш по 5, Гевгелија – 4, Штип, Крива Паланка, Делчево, Кратово и Пехчево по 3, Виница, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по 2 и по еден оздравен во Гостивар, Свети Николе, Ресен, Дебар, Богданци и Демир Хисар.

Направените 1.478 теста се преку: ИЈЗ – 131, ЦЈЗ Скопје – 26, ЦЈЗ Куманово – 17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 1, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 65, „Авицена“ – 82, „Биотек“ – 71, „Систина“ – 53, лабораторија „Лаор“ – 74, „Ремедика“ – 13, „Плодност“ – 34, „Никоб лаб“ – 210, „ВФВ медикал“ – 20, „Ели медика“ – 17, „Рапид лаб“ – 7, „Жан Митрев Струмица“ – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 653.

Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а бројот на активни случаи изнесува 5.707.

Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 95.588, Активни 2.762
Куманово 12.966, Активни 189
Тетово 11.353, Активни 87
Прилеп 10.386, Активни 340
Битола 8.883, Активни 494
Гостивар 8.075, Активни 21
Велес 7.362, Активни 165
Кавадарци 7.120, Активни 243
Штип 6.632, Активни 115
Охрид 6.558, Активни 212
Струмица 6.157, Активни 113
Кичево 4.237, Активни 43
Кочани 4.042, Активни 106
Струга 3.913, Активни 35
Гевгелија 2.821, Активни 82
Неготино 2.581, Активни 41
Свети Николе 2.128, Активни 40
Крива Паланка 1.913, Активни 70
Ресен 1.770, Активни 61
Радовиш 1.760, Активни 61
Берово 1.466, Активни 55
Дебар 1.456, Активни 0
Делчево 1.429, Активни 103
Виница 1.162, Активни 17
Пробиштип 1.128, Активни 23
Валандово 959, Активни 42
Кратово 778, Активни 27
Богданци 647, Активни 19
Демир Хисар 622, Активни 50
Крушево 595, Активни 32
Македонски Брод 505, Активни 14
Демир Капија 426, Активни 4
Македонска Каменица 421, Активни 27
Пехчево 353, Активни 7
Дојран 170, Активни 7