Фото: Фејсбук

Во предлог-буџетот за 2022 година не се планирани средства за исплата на К-15 во јавниот сектор, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, одговарајќи на прашањето дали има пари предвидени за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор.

Сојузот на синдикати изрази незадоволство од неизгласувањето на законот за прогласување на недела за неработен ден, на протестот одржан во неделата. Оттаму беше побарано зголемување на минималната плата на 18.000 денари, како и спирално зголемување на сите останати плати. Дел од барањата се однесуваа и на враќање на правото за регрес на годишен одмор за сите работници во општиот колективен договор за јавен сектор и пензионирање по неколку основи.