Фото: ЦУК / Илустрација

Во текот на денешниот ден, заклучно со 13 часот, во државата се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во село Желино, каде гори ниска вегетација, како и во близина на патарината кон Гостивар, на територијата на општина Боговиње, каде исто така е зафатена ниска вегетација.

Третиот активен пожар е во општина Крива Паланка, на локалитетот „Думачка Маала“, каде пламените јазици зафатиле ниска вегетација и багремова шума.

Во меѓувреме, два пожари се успешно локализирани. Едниот бил во струмичкото село Просениково, каде горело ѓубре, а вториот во атарот на село Старо Нагоричане, каде била опожарена ниска вегетација.