- Во ова време на технолошка доминација, нашите деца како да заборавија да играат. Залепени за мобилните телефони или за екраните на компјутерите и телевизијата, децата станаа како механички алатки и мислам дека ги изгубија имагинацијата и креативноста. Се сомневам дека дури по децении ќе се видат негативните ефекти од ваквата „технологизација“, не само за децата туку и за сите луѓе. Затоа во написов ќе се задржам на важноста на детската игра, а тоа ќе биде поткрепено со ново истражување објавено во „Фронитиерс во психологијата“
Многупати сум пишувала за важноста на играта во детскиот развој. Играта е многу побитна од укажување на правилата на однесување. Исто така сум пишувала за важноста на приказните со животни, кои им помагаат на децата да растат побезбедно и позадоволно. Во ова време на технолошка доминација, нашите деца како да заборавија да играат. Залепени за мобилните телефони или за екраните на компјутерите и телевизијата, децата станаа како механички алатки и мислам дека ги изгубија имагинацијата и креативноста. Се сомневам дека дури по децении ќе се видат негативните ефекти од ваквата „технологизација“, не само за децата туку и за сите луѓе. Затоа во написов ќе се задржам на важноста на детската игра, а тоа ќе биде поткрепено со ново истражување објавено во „Фронитиерс во психологијата“.
Што навистина ја прави играта да биде „добра“? Додека возрасните често ја оценуваат играта според нејзината образовна вредност или учење љубезност, едно ново истражување отишло директно до изворот – до самите деца. Истражувачите анкетирале стотици ученици за да ги идентификуваат основните елементи на нивното искуство со играта.
Тие откриле вистински „инвентар на квалитети на играта“, кој се состои од седум критични фактори, вклучувајќи го и мистериозното речиси универзално „чувство за игра“. Наодите сугерираат дека „добрата игра“ честопати вклучува некаков „прекршок“ – дивеење, задевање или прекршување на општествените норми – и дека добронамерната интервенција на возрасните честопати е „криптонитот“ што ја уништува магијата.
Да објаснам, криптонит всушност е супстанцијата што го чини комичното во приказните. На пример, Супермен станува слаб кога ќе биде во допир со криптонит.
Ако е потребна добра игра за да се има добро детство, тогаш треба да знаеме како навистина изгледа добрата игра. Но студиите за играта најчесто се правени од перспектива на возрасните, изоставувајќи ги перспективите на децата.
За да го надминат тоа, научниците на оваа студија анкетирале ученици за играта и користеле статистичка анализа за да ги идентификуваат темите што најчесто се појавувале. Додека некои компоненти на „добрата игра“ се чини дека зависат од индивидуалните преференции, други би можеле навистина да бидат универзални и да важат за сите деца.
Можеби ги направивме првите чекори за да ги опишеме магичното и неопипливото, нешто што го нарекуваме игра на еден сосема нов начин, изјавил истражувачот на оваа студија од Универзитетот „Архус“, главен автор на статијата објавена во „Фронтиерс во психологијата“. Ова може да им помогне на едукаторите и старателите да негуваат различни видови игра, дури и ако тие не се „направени правилно“, не се доволно „едукативни“ или дури „убави“ според стандардите за возрасните.
Возрасните треба да престанат да им објаснуваат на децата како треба да играат и да веруваат во способноста на децата самите да ги решат работите. Всушност не се прави простор ниту за добра ниту за лоша игра – туку мора да се направи простор и за двете, бидејќи добрата игра за едно дете може да биде лоша за друго.
Научниците започнале со интервјуирање 104 деца за играта. Користејќи ги овие интервјуа, тие идентификувале повторувачки елементи што опишуваат што ја прави играта „лоша“ или „добра“ и развиле список од 83 изјави што ги претставуваат овие повторувачки елементи. Потоа побарале од 504 други деца да се сетат на добро или лошо искуство со играта и да го оценат со тоа што ќе кажат дали се согласуваат или не се согласуваат со различните тврдења.
Користејќи анализа на главните компоненти, истражувачите потоа идентификувале два сета важни елементи во играта: седум критични фактори што генерално биле применливи за што е можно повеќе искуства со игра и 22 елементи што опфаќале поширок спектар на искуства. Бидејќи скалата базирана на 22 елементи би била предолга за практична употреба во истражувањето, тие ги користеле првите седум фактори за да го формираат таканаречениот инвентар на квалитети на играта.
Тоа биле факторите: социјална инклузија, имагинација, престап, пристапност, дива и возбудлива игра, имање нешто да се прави и нешто што научниците го нарекле „чувство за игра“. Овој последен фактор објаснувал повеќе варијации во добрите или лошите искуства со игра од кој било друг.
Всушност, ако некогаш и самите сте го почувствувале тоа чувство за игра, тогаш знаете што значи. Го препознавате кога ќе го видите, нешто како љубов или забава. Според зборовите на децата, тоа е искуство каде што чувствувате дека е „едноставно совршено“ и можеби „само се смеете“ или „добивате насмевка на устата“. Кога чувството го нема, играта е „досадна“ или можеби „мислите дека правилата треба да бидат различни“.
Високото ниво на достапност и чувството за игра обично биле присутни во добрата игра, но другите пет теми можеле да бидат присутни и во добрата или во лошата игра. Важно е да се напомене дека добрите искуства со игра не биле секогаш оние што возрасните што надгледуваат би ги сметале за убави.
Во многу случаи, добрата игра нема да има некаков прекршок. Но, во некои случаи, она што навистина ја прави играта забавна и посебна е способноста да „полудите“, да се задевате едни со други и генерално да ги прекршувате нормите на општеството – или правилата на самото игралиште.
Научниците исто така дознале дека всушност дисхармонијата ја прави играта лоша. Губењето на социјалната усогласеност со другите деца ја претворило добрата игра во лоша игра.
Некои од факторите што ги откриле истражувачите покажале „криптонит“ против игра што многумина од нас можат да го препознаат и од сопственото детство или од болно незгодните искуства при градењето тим.
Отсуството на усогласеност е највисоко на списокот влијанија. Всушност, многу добронамерни возрасни се обидуваат да вметнат несреќно дете во играта на некој друг, во основа уништувајќи ја нивната заедничка усогласеност. Понекогаш е потребен возрасен за да го поткрепи, иницира, инспирира и да го поддржи детето, но многу често возрасниот треба да не се меша и да си оди.
Но научниците истакнуваат дека различни деца сакаат различни работи. Добрата игра за едно дете може да биде лоша игра за друго, особено во различни култури. Обезбедувањето можности за игра од поголем обем каде што децата можат да изберат и да пробаат различни игри или активности би можело да ја максимизира вклученоста.
Последното нешто што е потребно е возрасните луѓе да смислуваат правила за „правилна игра“ на децата. Не постои такво нешто. Всушност, истиот протокол би дал различни приказни, различни сеќавања и различни договори во различно време и место. Но во рамките на збирката податоци добиени од ова истражување, наодите изгледаат доста заеднички кај многу деца, па затоа може да се случи некои карактеристики да бидат навистина универзални.
Со истражувањето се одговорени некои клучни прашања.
П: Зошто децата толку многу сакаат „лоша“ или „непослушна“ игра?
О: Истражувачите го нарекуваат ова престап. За децата, играта е безбеден простор за тестирање на границите и прекршување на нормите на „светот на возрасните“. Задевањето или дивоста или „лудувањето“ не се нужно знак на лошо однесување, често тоа е токму она што ја прави играта да се чувствува „тотално совршена“.
П: Како да знам дали моето дете постигнало „чувство за игра“?
О: Ќе го знаете тоа кога ќе го видите. Се карактеризира со спонтана смеа и чувство на целосно претопување. Ако детето каже дека играта е „досадна“ или почне претерано да се расправа за правилата, „чувството за игра“ веројатно исчезнало и е заменето со „дисхармонија“.
П: Дали треба да престанам да им помагам на моите деца да играат заедно?
О: Понекогаш, да. Студијата покажа дека присилното социјално усогласување – како возрасен што вклучува „несреќно дете“ во постојна игра – може да дејствува како „криптонит против играта“. Освен ако нема проблем со безбедноста, истражувачите сугерираат дека возрасните почесто треба да „молчат и да си одат“ за да им дозволат на децата сами да го разработат своето социјално усогласување.
Клучни факти
Инвентар на квалитети на играта: Научниците идентификувале седум универзални фактори што го дефинираат искуството со игра: социјална инклузија, имагинација, престап, пристапност, дива/возбудлива игра, да се има нешто да се прави и „чувство за игра“.
„Чувство за игра“: Ова бил најзначајниот фактор. Опишано од децата како нешто што е „едноставно совршено“ каде што „само се смеете“, тоа е неопиплива состојба слична на љубовта или забавата што возрасните често ја препознаваат, но не можат лесно да ја дефинираат.
Моќта на престапот: „Добрата игра“ не е секогаш „убава“. За многу деца, способноста да „полудат“ и да ги прекршат правилата на игралиштето или општествените правила се она што го прави искуството посебно.
„Криптонит“ против игра: Студијата откри дека „дисхармонијата“ или губењето на социјалната усогласеност – честопати предизвикана од обидите на возрасните да го присилат детето на игра – е она што ја претвора добрата игра во лоша игра.
И на крајот мојата порака би била: стимулирајте ги децата да играат, при тоа не мешајте се во нивните правила и избори. Нивната игра да биде само нивна, а не по правила што вие ќе им ги наметнувате. И најбитно од сѐ – потребно е дружење со други деца, а не седење пред некој екран!
































