Фото: Галерија „Остен“

Во Галерија „Остен“ вчера беше отворена изложба на карикатури од членови на Хрватско друштво на карикатуристи (ХДК). На изложбата се претставуваат бројни еминентни автори, меѓу кои Франо Чебало, Миро Георгиевски, Мирослав Геренчер, Роко Иџојтиќ, Драгутин Ковачевиќ, Крешимир Квештек, Милан Лекиќ, Мила Лончар, Мојмир Михатов, Живко Нимац, Зринка Остовиќ, Петар Писместровиќ, Никола Плечко, Зденко Пухин, Среќко Пунтариќ, Предраг Рајчевиќ, Иван Саболиќ и Даворин Трговчевиќ. Изложбата ја отвори хрватската амбасадорка во Македонија Нивес Тигањ. Бројната публиката имаше можност да ужива во богат избор на карикатури, зад кои стојат врвна уметничка вештина, но и долгогодишно пријателство меѓу ХДК и „Остен“-Скопје.