Во државава во јуни годинава вкупно се потрошени 521.750 мегават часови електрична енергија, 3.139 милиони нормални кубни метри природен гас, 436.990 тони јаглен и 97.452 тони нафтени продукти.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, 71,4 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 97,1 процент од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Во првите седум месеци од годинава АД ЕСМ произведе 2.194 гигават-часови електрична енергија што е за 15 проценти повеќе од лани, а зголемувањето на производството, според соопштението од компанијата, се должи, пред се, на зголеменото производство во термоелектраните РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ за 40 проценти.
Владата, според најавите, денеска треба да прогласи кризна состојба во енергетиката. Претходно донесе мерки што треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто, а ќе стапат во сила од 1 септември.