Во изминатите две пандемични години, земјите од светот се мобилизираа до тој степен што ги доведоа до непрепознатливост нашите животи. И повторно, пандемијата не стивна, затоа што природните катастрофи, колку и да сакаме, не можеме да ги избегнеме, ама некои други можеме. Сега светот се занимава (повеќе декларативно отколку вистински) со една друга катастрофа, воена, предизвикана од човечки фактор, но ни одблиску толку ревносно и посветено како што беше случајот со претходната
Една година подоцна, во приближно ист период, април-мај, повторно сум во Тајланд. И ова патување нема да го наречам пандемично, ниту приказните од тука ќе ги насловам карантински (со таков назив одеше серијалот што го пишував лани), затоа што најголем дел од рестрикциите се практично укинати во овој дел од светот, со исклучок на Кина, како, впрочем, и во поголемиот дел од светот. Патувањата горе-долу се одвиваат нормално, ако се изземе носењето маска само по аеродромите (не на сите) и во авион, но и тогаш не толку стриктно. Останува задолжителен само ПЦР-тестот, но и тоа само во одредени земји, во повеќето, меѓу кои е и Тајланд, нема услови за влез за целосно вакцинираните лица.
Мојот личен заклучок, не мора да е точен, ама е поткрепен од искуството, е дека ни најстрогите мерки не донесоа резултати, вирусот беше и полека стивнува, без оглед на човечкиот фактор. Со природата нема нагодување, ниту пак може да се контролира. Во случајов Тајланд, земја со популација од близу 70 милиони, која во моментот кога патував имаше помалку од илјада ефективни заболени, во периодот што следуваше доживеа експанзија на вирусот и покрај една од најригорозните политики. Жално е само што во Тајланд сѐ уште страда туристичкиот сектор, а најголемиот товар го презедоа луѓето, оние што тука живеат исклучиво од туризам. И тоа сѐ уште се чувствува. На и онака сиромашното локално население ќе му треба многу време да закрепне од кризата.
Земјите од светот во изминатите две пандемични години се мобилизираа до тој степен што ги доведоа до непрепознатливост нашите животи. И повторно, пандемијата не стивна, затоа што природните катастрофи, колку и да сакаме, не можеме да ги избегнеме, ниту да го намалиме нивниот разорен ефект, ама некои други можеме… Сега светот се занимава (повеќе декларативно отколку вистински) со една друга катастрофа, воена, предизвикана од човечки фактор, но ни одблиску толку ревносно и посветено како што беше случајот со претходната. Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари и нејзината инвазија има како последица илјадници човечки жртви и бегалска криза во која, според податоците на Обединетите нации, Украина ја напуштиле повеќе од пет милиони граѓани.
Поддршката за победата на Украина на неодамнешната „Евровизија“ не може и не смее да биде единствениот показател на емпатија, дури се чини банален ваквиот начин на покажување солидарност. Ако Европа се мобилизираше толку ревносно во заложбите за воспоставување мир во Украина, како што го направи тоа масовно гласајќи на една безначајна и супстандардна музичка манифестација, ќе беше показател за вистински цивилизациски и хуман напредок. Вака е само смешна политичка кампања
Поголем дел до меѓународната заедница ја осуди руската агресија и ѝ изложи на земјата остри санкции (кои, патем, најмногу ги почувствуваа обичните луѓе). Покрај декларативните заложби за воспоставување мир, безмалку ништо друго не се презема. Воената помош за Украина за борбата против руската инвазија не е начин на спречување со конфликтот. На светот му се закануваат економска криза и инфлација, ама тоа е само помалото од двете зла.Фактот со кој малкумина се занимаваат се човечките жртви во оваа војна и милионите раселени. Војната и досега бележи огромни загуби на човечки животи и хуманитарна криза, а последиците се ненадоместливи. Стравични се сликите од воените дејства во овој дел од светот и нема изгледи за мир во скоро време. Во еден цивилизиран свет, во каков што се надевам дека живееме, мирот треба да биде прво и основно начело, ама се чини не е. Поддршката за победата на Украина на неодамнешната „Евровизија“ не може и не смее да биде единствениот показател на емпатија, дури се чини банален ваквиот начин на покажување солидарност со украинските жртви. Ако Европа се мобилизираше толку ревносно во заложбите за воспоставување мир во Украина како што го направи тоа масовно гласајќи за нејзина победа на една безначајна и супстандардна музичка манифестација, ќе беше показател за вистински цивилизациски и хуман напредок на современото општество. Вака е само смешна политичка кампања.