Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 13 до 15 мај регистрирани се 176 позитивни случаи на ковид-19, од кои 31 се реинфекции, а нема починати лица.
Пријавени се две починати лица од април, кои се дополнително регистрирани преку Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, информира Министерството за здравство.
Направени се 2.674 тестови, а регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје – 106, Битола – 26, Прилеп – 7, Штип и Ресен – по 5, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Гостивар и Кочани – по 3, Кичево и Берово – по 2, Велес, Струга, Гевгелија, Крушево и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 275 оздравени пациенти од Скопје – 111, Битола – 70, Прилеп – 16, Охрид – 10, Кавадарци и Гостивар – по 8, Куманово – 7, Велес и Штип – по 6, Кичево, Тетово и Струмица – по 5, Ресен и Неготино – по 4, Гевгелија – 3, Виница – 2, Кочани, Струга, Делчево, Богданци и Дојран – по 1.
– Во текот на изминатите три дена нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ дополнително регистрирани се две починати лица од Скопје (72 години и 83 години). Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 25 април – 26 април оваа година – соопшти Министерството.
Направени се 2.674 тестови преку: ИЈЗ-229, ЦЈЗ Скопје-153, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово-20, ЦЈЗ Куманово-39, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–108, Жан Митрев (Филип Втори)-61, Авицена-70, Биотек-113, Систина-77, лабораторија Лаор-65, Синлаб-6, Ремедика-16, Плодност-53, Генеа-19, Никоб Лаб-208, ВФВ Медикал-37, Ели МедикаПлус-33, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–23, ЖанМитрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.180.
Досега во земјата се направени вкупно 2.038.551 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.859, бројот на оздравени пациенти е 301.035, на починатие 9.291, а бројот на активни случаи изнесува 533.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 146175 300
Куманово 16657 11
Битола 15553 70
Прилеп 14191 21
Тетово 13468 6
Кавадарци 10670 19
Велес 9782 6
Гостивар 9600 7
Охрид 8885 22
Струмица 8071 3
Штип 8042 11
Кичево 5636 5
Кочани 5087 8
Струга 4724 5
Гевгелија 4415 5
Неготино 3687 4
Ресен 2739 11
Свети Николе 2626 2
Радовиш 2530 1
Крива Паланка 2415 2
Делчево 1983 3
Дебар 1674 0
Берово 1665 5
Валандово 1488 0
Виница 1393 0
Пробиштип 1267 0
Богданци 1022 1
Кратово 966 1
Крушево 927 1
Демир Хисар 836 3
Македонски Брод 736 0
Демир Капија 593 0
Македонска Каменица 523 0
Пехчево 486 0
Дојран 347 0