Компанијата „Оушн гејт експедишн“ кон крајот на минатата година почна да продава билети за посета на остатоците на најпознатиот брод на светот, „Титаник“.
Нуркањето до „Титаник“, на 3.800 метри длабочина, за едно лице чини 250.000 долари, што е значително повеќе од досегашната цена, бидејќи до скоро една карта чинеше 125.000 долари, објавија американските медиуми.
Експедицијата „Титаник“ е предвидена за мај и јуни годинава и ќе трае осум дена, а заедно со богатите туристи на дното на северен Атлантик во подморницата „Титан“ ќе бидат и неколкумина научници, како и посебно обучени домаќини.