Техно

Kинеската компанија „Шаоми“ го промовира сајбер-кучето, нејзиното ново технолошко достигнување, за кое верува дека ќе биде вистинскиот избор за љубителите на роботиката.
Сајбер-кучето има природа на домашно милениче и способност да реагира на гласовни команди. Иако сопствениците и љубителите на животни сигурно ќе имаат забелешки за ова достигнување, сепак тоа е робот, а не живо суштество. Овој робот со четири нозе е експериментална машина со отворен код, за која кинеската компанија вели дека има бескрајни можности.
– Сајбер-кучето има природа на домашно милениче, вклучувајќи ја и неговата способност да го следи својот сопственик како вистинско куче. Изгледа елегантно и футуристички – наведуваат од компанијата, нагласувајќи дека моментално ќе може да испорача 1.000 такви роботи на пазарот.
Само ако првите корисници го поттикнат развојот и потенцијалот на роботите со четири нозе, ќе следува масовно производство. Првите 1.000 сајбер-кучиња ќе чинат околу 1.500 долари. Сајбер-кучето може да трча, да скока, да се качува, да се врти, да стои на задните нозе, кога оди има брзина од 3,2 метри во секунда, а тежи три килограми.