Поради можноста за оштетување при транспорт, чувствителните предмети се обвиткуваат во заштитна обвивка со меурчиња, но тоа не била нејзината првична намена. Излегува дека обвивката со меурчиња, всушност, не е направена за да ги одржува вашите пакети безбедни при транспорт.

Имено, пластичната фолија што го ублажува „стресот“ всушност е направена да се користи како тапет во домот. Обвивката со меурчиња била измислена по грешка, кога обидот да се создаде заднина со текстура тргна наопаку.

Алфред Филдинг и Марк Шаванс го развија „бабл врап“ во 1957 година за да се користи како 3Д-заднина на ѕидовите. Тие споија две завеси за туширање и потоа внатре вметнаа воздушни џебови. Овој тренд на уредување на ентериерот очигледно не заживеал, па изумот го пренамениле за безбедна испорака на пакети. Многумина веруваат дека грешката се претворила во одличен резултат.
– Најголемиот изум по грешка – е еден од коментарите, а некои заклучиле дека станува збор за изум што на децата и на возрасните им овозможува инстант моменти на среќа поради можноста да пукаат меурчиња.