Деновиве трејлерот за филмот „Ден на знамето“ беше прикажан пред пошироката јавност. Шон Пен е режисер, а го толкува и главниот лик, а во филмот се појавува и неговата ќерка Дилан.
„Денот на знамето“ ја раскажува приказната за најпознатиот американски фалсификатор, Џон Вогел. Сценариото за филмот е базирано на книгата на Џенифер Вогел, „Лажниот човек: вистинската приказна за лажниот живот на мојот татко“. Драмата е посветена на односот меѓу татко и ќерка, каде што таткото крие огромен дел од својот живот од своето дете и постојано ја измамува својата ќерка.
„Денот на знамето“ беше премиерно прикажан на последниот Филмски фестивал во Кан, каде што беше номиниран за „златна палма“, а премиерата во светските кина ќе ја има на 20 август. Критичарите и новинарите веќе го пофалија актерското дуо на Шон Пен и неговата ќерка Дилан.