Филмската класика во која актерот Брус Вилис ја играше една од главните улоги е една од најпотценетите на сите времиња, според популарната страница за оценување „Ранкер“.
Познатиот актер неодамна објави дека се повлекува од светот на актерството откако му била дијагностицирана афазија, но неговите неверојатни актерски способности ќе се одржат преку многубројните улоги што ги остварил низ годините. Шеесет и седумгодишната ѕвезда во текот на својата долга кариера се појави во голем број хит филмови, како „Евтини приказни“, „Шесто сетило“, франшизата „Умри машки“ и многу други.

Во 2000 година, тој се најде во улогата на Дејвид Дан во популарниот трилер на М. Најт Шамалан, „Нескршлив“, а со релативно просечна оцена на ИМДБ од 7,3 / 10 и 70 проценти на „Ротен томатос“, беше прогласен за најпотценет филм на сите времиња. Ова го одлучија корисниците на популарниот портал „Ранкер“, кој секојдневно споделува различни анкети со своите посетители. Една од нив беше и онаа за „најпотценет филм на сите времиња“, а покрај филмот „Нескршлив“, дел од другите филмови што се најдоа на оваа листа се „Блејд Ранер“, „Лолита“ и „21 грам“.

„Нескршлив“ го следи обезбедувачот Дејвид (Вилис), кој е единствениот што преживува страшна железничка несреќа без никакви повреди, што го наведува да сфати дека има натчовечки способности. По филмот следуваа и две продолженија, „Сплит“ и „Стакло“, од кои првото од нив излезе дури 16 години по оригиналот. Некои од другите актери што глумеа во истото се Џејмс Мекавој, Ања Тејлор-Џој, Сара Полсон, Џесика Сула и други.