Одбојкарките на Газели Волеј се враќаат во победнички ритам откако со максимални 3:0 (25:8, 25:19, 25 :16) ја совладаа екипата на Фит Фан Волеј во дуелот од петтото коло во Првата лига жени.

Со новите три бода освоени како гости, „газелите“ остануваат на второто место на табелата зад лидерот Наковски Волеј, влегувајќи во втората половина од есенскиот дел.
Најефикасна на натпреварот беше повторно Николета Капици со 15 поени, а по неа следуваат Сара Горбок со 11, Зофиа Георгиевска со 10, Мила Дикова со 8 и Матеа Сотировска со 7 поени.
За одбележување е дека на денешниот натпревар по подолга пауза се врати средниот блокер Неда Зврлеска. На позиција техничар одлична беше Марија Крстеска, како и Ева Горбок.
Тренерот Деан Стојанов реши да ги одмори Сохила Вафек и Теа Терзиевска.



































