Фото: Пиксабеј

Истражување на „Харвард“

Според истражувањето на „Харвард“, постојат неколку токсични фрази што ја уништуваат врската. Кога едниот или двајцата партнери ќе почнат да прибегнуваат кон презирни забелешки и да ја зачинуваат комуникацијата со пасивни навреди – врската брзо завршува. Презирот е суптилен, но деструктивен начин на комуникација со партнерот, кој е идентификуван од д-р Кортни Ворен, доктор по психологија на „Харвард“, како еден од најголемите непријатели на љубовта. Според Ворен, кога еден или двајцата партнери прибегнуваат кон презир во нивните интеракции, врската брзо се влошува.
– Презирот не само што го омаловажува карактерот на другиот туку и воспоставува динамика на супериорност подреденост, која ја поткопува самата основа на врската. Од погрдни коментари до потсмевни гестови, презирот доаѓа во многу форми, од кои сите се еднакво штетни – објаснува д-р Ворен.
Д-р Ворен ја нагласува важноста од усвојување здрави комуникациски навики, како што се користење позитивни пораки, изразување благодарност и преземање одговорност за своите постапки. Само така може да се изгради врска заснована на меѓусебно почитување и вистинска љубов.
Ова се некои токсични фрази што ја уништуваат врската:
„Не ме заслужуваш“ – оваа изјава предизвикува длабоко чувство на инфериорност кај личноста на која е упатена.
„Престани да ме прашуваш, добро сум, сè е во ред“ – кога оваа фраза се користи наместо отворено да се разговара за проблемите во врската, таа поттикнува пасивно-агресивна динамика што ги поткопува довербата и комуникацијата.
„Ти си патетичен“ – овие зборови, иако можат да се кажат во моменти на напнатост, имаат погубно влијание врз самодовербата на личноста кон која се упатени.
„Те мразам“ – иако оваа фраза може да ги одразува моменталните чувства, нејзиното долгорочно влијание може да биде поразително.
„Ти си луд“ – оваа форма на емоционална злоупотреба предизвикува доведување во прашање на сопствената перцепција за реалноста, создавајќи збунетост и непријатност.
„Многу бараш“ – отфрлајќи ги потребите на партнерот, создавате средина на себичност и недостиг од емпатија што ја ослабува врската.