Помеѓу 100 и 150 метеори на час видливи се над небото над Шпанија и Унгарија познат како – метеорски дожд „Геминиди“.

Метеорскиот дожд  „Геминиди“ е познат како најактивниот во годината, Овогодинешниот врв го достигна ноќта меѓу 13 и 14 декември, а ќе биде видлив на небото до 17 декември, пренесе порталот „Спејс“.

НАСА објави дека „Геминиди“ можат да се видат ширум светот, но дека најдобрата глетка на небото ја има на северната хемисфера.

„Геминидите“ се едни од најсигурните „големи“ метеорски роеви, но за разлика од повеќето дождови од метеори кои предизвикуваат комети, тие настанале благодарение на астероидот „3200 Фаетон“, чии делови горат во земјината атмосфера во одредено време секоја година.