Кристина Димитријевска (23) од ТетовоВо ја освои титулата Мис на Балканот за 2019 година. Натпреварот за убавина се одржа во хотелот „Амбасадор“ во Белград.

Кристина во силна конкуренција меѓу девојките од балканските држави ја освои оваа престижна и ласкава титула и на некој начин ја потврди титулата „Новогодишна балканска убавица“, која ја освои кога имаше само 17 години.

Титулата „Прва придружничка“ ја освои претставничката на Србија, а „Втора придружничка“ е девојката од Црна Гора, информираа од Модното студио „Црнокрак“, кои ја поседуваат лиценцата за Македонија за овој балкански избор за убавина.

Круната на Кристина ѝ ја предаде поранешната победничка, Дениса Ходисон од Романија.