Mала изложба на црно-бели фотографии и графички дизајн на авторите Слободан Циклевски и Гордана Каракашевска насловена „B&W freestyle photography“ ќе се одржи од 24 до 27 март во МКЦ.
– Црно-белите фотографии оддаваат замрзнат момент и врамена меморија.
Ве покануваме да ги почувствувате магијата на фотографијата, нејзината тишина и магичноста на црно-белата фотографија. Животот е во боја, но црно-белото е пореално. Кога фотографирате во црно-бела техника, вие ја фотографирате душата на нештата – информираат организаторите на изложбата.