Инцидент на Саемот на книгата во Лајпциг

Во неколку наврати демонстрантите го прекинаа поздравниот говор на германскиот канцелар Олаф Шолц на Саемот на книгата во Лајпциг. Неколку активисти околу Гевандхаус, просторот каде што се одржа отворањето на саемот, извикуваа гласно, но главно неразбирливо, за време на говорот на канцеларот. Како што објави „Ди цајт“, повикувајќи се на сведоштва на луѓе во близината, демонстрантите ја обвиниле израелската влада за геноцид во Појасот Газа.
Кога повторно бил прекинат од гласни овации од публиката, канцеларот рекол: „Верувам дека е погрешно да се меша демократијата со гласно навивање“.
Друг активист потоа почнал да протестира против испораката на оружје во Израел. Публиката го исвиркала. Голем дел од протестот бил задушен од континуираниот аплауз на публиката.
– Во Лајпциг нè донесе силата на зборовите, а не викањето – рекол Шолц, што било проследено со аплауз.
Познато е дека германскиот канцелар е книгољубец, како што открил и во својот говор.
– Како дете читав пред спиење, како млад политичар во возот Хамбург-Бон, па дури и сега ја користам секоја шанса – книгите ме следат цел живот – рекол тој.
Саемот во Лајпциг е вториот по големина книжевен саем во Германија.