Фото: Принтскрин

Неколку илјади Украинци преминаа во соседните земји, главно во Молдавија и Романија, додека околу 100.000 ги напуштија своите домови во земјата по руската инвазија, нагласија од Агенцијата за бегалци на ОН.

Шабија Манту, портпарол на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), рече дека бројките се собрани од извештаите на националните власти и нивниот персонал и партнерските агенции.

– Тоа е неверојатна цифра – изјави таа за западни медиуми.