Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонскиот разговор со неговиот руски колега Владимир Путин побарал „итен прекин“ на воената операција во Украина, соопшти вечерва Елисејската палата.

– Претседателот Макрон му се јави на Владимир Путин, од кого побара итен прекин на руските воени операции, потсетувајќи дека Русија е изложена на огромни санкции – соопшти француското претседателство, додека Макрон учествува на вонредниот европски самит во Брисел.

Кремљ претходно соопшти дека двајцата претседатели имале „сериозна и искрена размена на мислења за ситуацијата во Украина“.

Путин детално ги објаснил причините за инвазијата, се додава во соопштението. Двајцата претседатели се согласиле да останат во контакт.