Лидерите на Европската унија вечерва се согласија да воведат нови санкции за рускиот финансиски, енергетски и транспортен сектор и да воведат контрола на извозот, како и да стават повеќе Руси на црната листа поради воената операција на Москва врз Украина.

– Европскиот совет денеска се согласи за дополнителни рестриктивни мерки кои ќе наметнат огромни и тешки последици врз Русија за нејзината акција – се вели во соопштението на 27-те национални лидери на ЕУ на состанокот во Брисел.

– Овие санкции го опфаќаат финансискиот сектор, енергетскиот и транспортниот сектор, стоките со двојна употреба, како и контролата на извозот и финансирањето на извозот, визната политика, дополнителните списоци на руски физички лица – се вели во соопштението.