Москва е подготвена за преговори за предавање на Украина, соопшти вечерва Дмитриј Песков портпарол на рускиот претседател.

Како што наведе, претседателот Владимир Путин е подготвен за преговори со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со фокус на „гаранциите за неутрален статус“ и „ветувањето дека нема да има оружје на територијата на Украина“.

– Тоа се условите, кои ќе овозможат постигнување на „демилитаризација и денацификација на Украина“ и ќе го елиминираат она што Русија во моментов го смета за „закана за безбедноста на руската држава и народ“ – рече Песков.

– Претседателот ја формулираше својата визија за тоа што би очекувале од Украина за да ги решиме горливите проблеми. Тоа е неутрален статус и одбивање да се инсталираат и користат системи за оружје – рече Песков.