Фото: Принтскрин

Претседателот на Србија посебно им се заблагодари на Кина, Русија и Обединетите Арапски Емирати.

– Србија ова никогаш нема да им го заборави, како и Унгарија која беше единствена во регионот против резолуцијата – изјави Вучиќ.

Вучиќ им се заблагодари на Грција, Словачка, Кипар и бројните африкански, азиски, јужноамерикански и пацифички земји кои се воздржаа.

Тие направија се за да ја понижат Србија, а ние се искачивме до височините – изјави Вучиќ.

Претседателот посебно му се заблагодари на српскиот народ за поддршката и единството, а особено им се заблагодари на Србите од Косово и Метохија.

-Слогата ќе биде пораз за ѓаволот! Секогаш слободни и никогаш поразени! Поддршка за претседателот Вучиќ во безмилосната борба за нашиот народ и држава! Да живеат Србија и Српска засекогаш! – напиша премиерот Милош Вучевиќ на својот Инстаграм профил.

Медиумите пренесуваат и за протестот пред владата во Подгорица поради гласањето на Црна Гора за резолуцијта за геноцид во Сребреница.

Се пренесуваат и ракциите од Република Српска, па така Танјуг го цитираше Претседателот на Република Српска Милорад Додик кој изјави дека, „што се однесува до демократскиот свет и она што тие не учат, резолуцијата за Сребреница денеска не доби мнозинство во Генералното собрание на ОН, туку пропаднала“.

-На гласањето видовме дека за резолуцијата гласаа 84 земји, што не е ниту над половично мнозинство – нагласи Додик и посочи дека пропаднал нивниот неуспешен план да ги обвинат Србите дека се геноцидна нација.