Втората дебата меѓу американските претседателски кандидати Доналд Трамп и Џо Бајден ќе биде виртуелна, соопшти Комисијата за претседателски дебати.

Така е одлучено затоа што Трамп беше позитивен на коронавирус, пренесува „Си-ен-ен“.

– Втората претседателска дебата ќе биде во форма на градски состаноци, на кои кандидатите учествуваат од различни оддалечени локации – се наведува во соопштението на Комисијата.

Втората дебата е закажана за 15 октомври, а нејзин модератор ќе биде Стив Скали, извршен продуцент и политички уредник на мрежата C-Span Networks.