Минатата ноќ во „Спектрум“ центарот во Шаролт заврши 68-то издание на НБА-олстар спектаклот, во кој тимот на Леброн Џејмс успеа да го врати дефицитот од 20 поени и да победи со резултат 178 – 164.

За МВП на натпреварот беше избран кошаркарот на Голден Стејт вориорси Кевин Дурент, кој постигна 31 поен и седум скокови.

Според познавачите на кошарката, новиот формат на олстар-натреварувањето воопшто не разочара. Во петокот се одригра натпреварот на ѕвездите во подем (во овој натпревар учествуваа играчи кои настапуваат во својата прва или втора сезона во НБА-лигата), каде тимот на САД го победи тимот на остатокот од светот со резултат 161-144.

Во саботата навечер по локално време се одржаа натпреварите во вештини, изведувањето на „тројки“ и натпреварувањето во забивање. Најдобар на „скилс“ натпреварувањето беше Џејсон Тејтум од Бостон селтикс, Џо Харис од Бруклин се здоби со титулата најдобар „тројкаш“, а најдобар „забивач“ беше новајлијата од Оклахома сити тандер Хамиду Диало.