Нега и убавина

Познато е дека пХ-вредноста на кожата на лицето е многу важна, но вакво нешто сигурно не ви паднало на памет. Повременото миење со газирана вода има голем број придобивки за вашата кожа.
Третманот доаѓа од Јапонија и Кореја и, кога ќе размислите, навистина е логично. Газираната вода има иста пХ-вредност како нашата кожа, односно 5,5, додека водата од чешма има вредност 7. Неутралниот раствор има пХ-вредност 7, додека оние со помали вредности се кисели, а со повисоки вредности се основни.
И што се случува кога ќе ја нанесете на вашата кожа? Газираната вода ги раствора нечистотиите, себумот во порите и длабински ја чисти вашата кожа. Ја подобрува циркулацијата – јаглерод диоксидот носи крв и кислород во ткивата на кожата, кои го подобруваат функционирањето на целиот систем и кожата потоа изгледа поздраво, со суптилно руменило.
Сè што ја зголемува циркулацијата, а газираната вода го прави токму тоа, помага да се хранат клетките подобро и повеќе со хранливи материи и кислород, што е начин за сјајна и здрава кожа. На тој начин полесно се раствораат нечистотиите и себумот во порите, па кожата ќе се исчисти длабински.