Краткометражниот игран филм „Сценариото“ почна да се снима по сценарио и режија на Александра Кардалевска, во продукција на „Лајт продакшн“, во соработка со „Круг филм“ од Скопје, „Алка филмс“, „Кубе студиос“ од Албанија и „Иконе студио“ од Косово.
– „Сценариото“ раскажува фантастична приказна за неколку познати ликови од литературата, кои излегле од своите оригинални дела, со цел да се сретнат во фантастичната приказна на сценариото, обидувајќи се да излезат од него – соопшти продукцијата.
Главните улоги ги играат: Драгана Костадиновска, Огнен Дранговски, Атанас Атанасовски, Игор Ангелов, Симеон Дамевски и Ана Стојановска.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.