Прогласени најдобрите литературни творби во центарот за култура „Кочо Рацин“

Во Кичево

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Кичево беше одбележан со литературен конкурс што го организира центарот за култура „Кочо Рацин“ и на кој учествуваа ученици од основните училишта ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“ и ОУ „Санде Штерјоски“, од сите етнички групи и на четири јазика: македонски, албански, турски и ромски јазик, а изборот на најдобри творби од секоја етничка група го извршија предметните наставници од овие училишта.
– По извршената евалуација на творбите што учествуваа на конкурсот, нивните автори ги прочитаа своите творби пред многубројните присутни во големата сала од центарот за култура. Според оценките на предметните наставници, првата награда на литературниот конкурс на македонски јазик ѝ припадна на Дејана Кршоска, ученичка во ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“. Првата награда кај учениците од ОУ „Санде Штерјоски“ што следат настава на албански јазик му припадна на Индрид Идризи, додека првите награди за ученици што следат настава во истото училиште на турски јазик ѝ припадна на Елвира Алиоска, а Санел Јусуфоска ја освои првата награда на творбите пристигнати на ромски јазик – истакна директорот Мазлам Османи.

З.А.