Фото: Архива/ Принтскрин

Беа потребни речиси шест месеци, осум посети на европските дипломати на Белград и 10 на Приштина за 11-те точки од Договорот за односите помеѓу Србија и Косово да бидат усогласени и откриени, но не и потпишани, пишува „Би-би-си на српски јазик“.

Објавен е усогласениот текст за кој се преговараше во тајност. Но, на тоа парче хартија недостига најважното – потписите на лидерите на Србија и на Косово, како и план на примена на напишаното, што би требал да ѝ внесе живот на спогодбата. Двете страни останаа на истите позиции како и пред состанокот што личел на бројните досегашни средби.

ЕУ го објави Договорот помеѓу Косово и Србија, Борел најави разговори за спроведувањето

Сета грижа на Брисел може да се опише со една реченица од пораката на европскиот шеф на дипломатијата Жозеп Борел откако повторно посредуваше на состанокот помеѓу Вучиќ и Курти што заврши без договор.

– Имаме многу долга историја на договори кои уште не се применети – истакна Борел по петчасовните состаноци.

Српскиот претседател двапати бил директно прашан дали Србија го прифатила европскиот предлог, по состанкокот, но не дал конкретен одговор. Косовскиот премиер, пак, кажал дека е штета што спогодбата не е потпишана веќе сега.

Вучиќ најави дека вечерва во гостување на РТС ќе им одговори на сите медиумски и политички манипулатори кои „би ја згазиле сопствената држава за трошка власт“, истовремено порачувајќи дека „Србија ќе победи“.

По новата средба на која не ги приближија ставовите, Белград и Приштина ќе продолжат да примаат посети од европските посредници. Со цел состојбата да се промени, европските посредници задале идни задачи за двете страни. Шатл-дипломатијата досега се покажа како успешен метод во доближување на ставовите на двете страни, па специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, во наредните денови ќе патува помеѓу Белград и Приштина.

Премиерот Димитар Ковачевски е подготвен да биде домаќин на средбата на Вучиќ и Курти како дел од преговорите меѓу Белград и Приштина, кои се водат под покровителство на ЕУ и САД, на 18 март во Македонија, потврдија за МИА од Владата. На средбата, како што е најавено ќе присустуваат и Борел и Лајчак.